За потребите на проектот „Семејни лекари – Партнери во проширувањето на пристапот и изборот до услуги за контрацепција и сексуално и репродуктивно здравје“, здружението на граѓани ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува јавен повик за набавка на електричен гинеколошки стол.
Потребни количини/обем на набавката: 4 (четири) електрични гинеколошки столови со еден мотор
Понудата треба да се достави најдоцна до 22 ноември (понеделник) до крајот на работниот ден. Притоа, во понудата треба да биде наведен и рокот на испорака на производот.
Документите со назнака/предмет на пораката: Јавен повик за прибирање на понуди за набавка на електричен гинеколошки стол можат да се достават електронски на: sanja.jordanoska@hera.org. mk
Избраниот понудувач ќе биде известен во електронска форма дека неговата понуда е прифатена во рок од најмногу 3 (три) работни дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други понудувачи ќе бидат известени за резултатите од повикот.
За дополнителни прашања обратете се на: sanja.jordanoska@hera.org. mk