За потребите на социјалното претпријатие „Нега Плус“, здружението на граѓани ХЕРА со поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија, објавува јавен повик за набавка на ново или половно целосно електрично возило.
Јавниот повик е отворен единствено за правни лица.
Возилото треба да ги исполнува следните критериуми
- Целосно електрично возило – автомобил (Full Electric Car)
- Возилото да припаѓа во сегментот „Ниска класа“
- Да има најмалку 3+1 седишта за возач и патници
- Доколку понудата се однесува на половно возило, тоа да не е постаро од една година и да нема изминато повеќе од 20.000 км
- Во понудата треба да се вклучени и: 1) Целосна техничка спецификација за возилото со вклучени сервисни интервали, и 2) Гарантен рок и гаранциски услови
Рок на испорака: до 60 дена од склучувањето на договорот
Начин на плаќање: целосно до денот на примопредавање на возилото
Рок за пријава: 4 декември 2020 година, до 17 часот
Документите со назнака/предмет на пораката: Јавен повик за набавка на ново или половно целосно електрично возило понудувачите можат да ги достават електронски на konkurs@hera.org.mk
Избраниот понудувач ќе биде известен во електронска форма дека неговата понуда е прифатена, во рок од најмногу 3 работни дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолната понуда. Во исто време, и сите други понудувачи ќе бидат известени за резултатите од повикот, односно за одлуката кој е најповолен понудувач.
За дополнителни прашања, обратете се на damjan.nikolov@hera.org.mk