ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во рамки на проектот „ССО за сите: Време е сега – Застапување и поддршка на образовниот систем“, поддржан од страна на МФПР и Сигрид Раусинг Фанд, објавува повик за избор на 2 консултанти за пишување експертски документ за сеопфатно сексуално образование и координирање-модерирање на работна група.
Вовед
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување го спроведува проектот „Време е сега – Застапување и поддршка на образовниот систем“, поддржан од страна на МФПР и Сигрид Раусинг Фанд, чија главна цел е да се зајакнат институционалните капацитети и да се подготви образовен модел за сеопфатно сексуално образование кој ќе биде изработен според релевантни наоди, спроведена евалуација и стандардите на Унеско и Светската здравствена организација.
Како дел од проектот „Време е сега – Застапување и поддршка на образовниот систем“ во рамки на работната група составена од претставници на релеванти институции и експерти кои работат во областа, ангажирани се и експерти од сферата на образованието кои со своите квалификации и искуство ќе придонесат за креирање на документот и успешно спроведување на целиот процес.
Активностите во проектот се однесуваат на застапување на национално ниво и јакнење на институционалните капацитети. За таа цел, проектот опфаќа креирање на стратегија со акциски план која треба да биде покрепена од истражувања, релевантни наоди, компаративни искуства, препораки, психолошка и педагошка издржаност на документот и да биде во рамки на препораките од државните институции, концепцијата за образование во РСМ и препораките и стандардите на УНЕСКО-Образовна, научна и културна организација на Обединетите Нации.
Ниското образовно ниво и слабата достапност до информации од областа на сексуалното репродуктивно здравје и права се главните пречки што го ограничуваат пристапот до информации од областа на сексуалното и репродуктивно здравје и права. Врсничкото насилство, социјалните и родовите нееднаквости, зголеменото ниво на сексуално преносливи инфекции и малолетнички абортуси, како и стигмата во заедницата да се разговара за здравјето и важноста на овие прашања, пред сѐ, се должат на недоволната информираност кај младите и непрепознавањето на овие теми во рамки на образовните институции и формалното образование.
Од спроведените досегашни истражувања помеѓу албанските и македонските родители и наставници, на прашањето колку теми сметаат дека е потребно и младите треба да ги изучуваат на училиште тие ги дадоа следните одговори:
– Да научат како да се заштитат од сексуалното насилство во секојдневниот живот и насилството на социјалните мрежи 96%
– Да знаат како да реагираат и кому да се обратат кога нивните сексуални и репродуктивни права се загрозени 96%
– Да препознаат како се воспоставуваат здрави партнерски врски засновани на почит, а кои врски се штетни за адолесцентите 96%
– Да знаат каде да се обратат за медицинска помош во случај на ризик од ХИВ и сексуално преносливи инфекции 95%
– Да разберат дека сексуалните врски, желби и задоволството се природни, а не срамни појави 95%
– Да знаат кои се индивидуалните и општествени последици од дискриминацијата врз основ на сексуална ориентација 94%
– Да научат за различните форми на насилство и дека насилството, особено кон девојчињата, има последици кон целото општество 92%
– Да научат за контрацепцијата за да се заштитат од несакана бременост 92%
– Да знаат како да се справат со притисоците од средината за да се има сексуален однос 92%
– Да научат какви телесни промени се случуваат кај двата пола во тек на пубертетот 92%
- Ангажираниот/ата консултант/ка се ангажира за:
– Дизајнирање и пишување на Стратегијата;
– Испорака на финална верзија на стратегијата со вклучени препораки;
– Определување на агендата за работа на работната група;
– Определување на агенда и модерирање на тркалезна маса со експертска група за давање нивен придонес кон донесување на Стратегијата;
– Водење и модерирање на работни средби со работната група;
– Учество на сите средби на работната група онлајн и со физичко присуство;
– Информирање и презентација на Стратегијата заедно со членовите на работната група пред клучната јавност;
– Да направи преглед на постојните документи, програми, стратегии, акциски планови и мониторинг извештаи поврзани со вработување;
– Да ја претстави предлог пилот мерката пред клучните институции и организации.
- Продукти и временска рамка за испорака:
До 30ти јуни 2022 година да биде изработен документот и реализирани 7 средби на работната група
За оваа консултантска услуга се предвидени 19 работни дена за првиот конултант (координатор на работна група) и 16 работни денови за клучен експерт или вкупно бруто сума од 315.000,00 денари, со краен датум на завршување на активноста до 30 јуни 2022 година.
- Потребни квалификации
– Завршени магистерски студии-втор циклус-степен на студии;
– 5 годишно искуство и експертиза во креирање на национални политики за образование со фокус во областа на сексуалното репродуктивно здравје и права;
– 5 годишно искуство како методолог и како главен истражувач во квантитативни и квалитативни истражувања, особено во областа на сексуалното репродуктивно здравје и права;
– Да има познавање за спецификите и потребите на маргинализирани групи граѓани во областа на младите и сексуалното репродуктивно здравје и права и млади;
– Течно говорење и пишување на македонскиот и англискиот јазик;
– Способност за планирање и организација;
– Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи.
Предност ќе имаат кандидати кои:
- Имаат формално образование од областа на педагогијата и психологијата
- Имаат познавање на националните политики за стратешки документи поврзани со сексуално репродуктивно здравје и права и млади
- Потребни документи
– Професионална биографија
– Референтна листа на претходни слични ангажмани
– Предлог на акционен план
– Предлог на методологија
– Портфолио на клиенти/организации за кои се спроведени ист тип на активности
Јавниот повик е отворен за сите заинтересирани кандидат(к)и до 4 март 2022 година.
Документите со назнака/предмет на пораката Јавен повик за избор на Консултанти за пишување експертски документ за сеопфатно сексуално образование и координирање-модерирање на работна група
Кандидат(к)ите можат да ги достават на следниот начин:
Електронски: konkurs@hera.org.mk
По пошта: ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
ул. Франклин Рузвелт 51а/26, 1000 Скопје
Лицата коишто аплицирале ќе бидат известени за резултатите од повикот, по електронски пат, во рок од најмногу 3 дена од донесувањето на одлуката за избор.