ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во партнерство со Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, го спроведува проектот „Се грижиме – Заедно се бориме против сексуалното и родовото насилство “, поддржан преку Договор за грант за надворешни акции на Европската Унија – IPA III/2024/ 453-368. За целите на проектот, објавуваме повик за избор на консултант/-ка за проценка на потребите и ресурсите на Јавното обвинителство, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КЗДД) и Одделот за компјутерски криминал (МВР).
Ангажираниот/-ата консултант/-ка ќе треба да:
• Развие и достави методологија, заедно со методолошките алатки и работен план (можни методолошки алатки: интервјуа, деск анализа и фокус групи), со временска рамка.
• Споведе проценка врз основа на доставената методологија во Јавното обвинителство, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КЗДД) и Одделот за компјутерски криминал.
• Подготви извештај со предлог интервенции од спроведената проценка.
• Подготви презентација на наодите од проценката и предлог интервенции пред претставниците од институциите.
При изборот ќе се земат предвид следните општи услови:
• Завршено високо образование;
• Претходно искуство во изработка на методологии, анализи и истражувања;
• Повеќегодишно искуство во областа на родовата еднаквост и/или заштита на правата на маргинализирани групи;
• Повеќегодишно искуство и учество во различни квалитативни и квантитативни истражувања;
• Развиени вештини за изготвување и пишување на извештаи;
• Течно говорење и пишување на македонскиот јазик;
• Способност за планирање и организација;
• Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи.
Потребни документи
• Кратка биографија на македонски јазик,
• Референтна листа на претходни слични ангажмани,
• Предлог методологија и временски план за изготвување на задачата,
• Предлог финансиска понуда за ангажманот.
Јавниот повик е отворен за сите заинтересирани кандидат(к)и до 5 септември 2024 година.
Документите со назнака/предмет на пораката Јавен повик за избор на консултант/ка за проценка на потребите и ресурсите, кандидат(к)ите можат да ги достават на следниот начин:
• електронски: konkurs@hera.org.mk;
• по пошта: ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, ул.„Франклин Рузвелт“ бр.51а/26, 1000 Скопје.
Лицата коишто аплицирале ќе бидат известени за резултатите од повикот по електронски пат, во рок од најмногу 3 дена од донесувањето на одлуката за избор.
ХЕРА гарантира дека при изборот сите кандидат(к)и ќе имаат еднакви услови, без разлика на етничката припадност, родовото изразување, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или било која друга основа.