Во рамки на Европската недела на ХИВ, која се одржа од 23 до 30 ноември 2018 година под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“, ХЕРА ја подготви и брошурата „Прашања и одговори за ХИВ“ која ги дава одговорите на најчестите прашања поврзани со ХИВ.
Сеприсутната стигма и неинформираност за ХИВ и ден-денес потврдуваат дека постои потреба од неуморно подигање на свеста за митовите околу ХИВ, но и за придобивките од навременото тестирање. Колку порано се направи ХИВ-тест и се дознае ХИВ-статусот, толку побргу може да се отпочне со терапија којашто е бесплатна и достапна и кај нас.
Редовното земање на терапијата за ХИВ е и еден од најефективните начини на превенција на вирусот бидејќи луѓето кои редовно примаат терапија, имаат недетектибилно ниво на вирусот, со што целосно се спречува преносот за ХИВ по сексуален начин, дури и доколку не се користи заштита, односно кондом.
Брошурата е достапна тука.