Пред вас е годишниот извештај на ХЕРА за работата на организацијата во 2023 година.
Изминатата година ја посветивме на поставување нови гледишта, активно дејствување и обновување на темелите врз кои ќе треба да градиме уште поголеми промени, да освојуваме уште поголеми победи. Оттаму, оваa година беше значајна за нас во сите полиња на дејствување.
Токму затоа, нашето најважно достигнување за 2023 г. е усвојувањето на нова Стратегиска рамка, која во наредните пет години ќе ни служи како патоказ и мапа кон целите што сакаме да ги постигнеме.
Посебно среќни нѐ прави фактот што во самиот процес на создавање на оваа стратегија, кој траеше подолго од една година, ја почувствувавме сплотеноста на нашите членови, вработени, соработници и поддржувачи, како и силата на нивната верба и визија за поправичен свет од денешниот.
ХЕРА ја доби новодефинираната цел преку голем број тематски работилници, отворени разговори и споделување идеи. Така поставивме цврста основа да ги здружиме силите и да продолжиме со градење на хумано општество во кое мора да постои социјална правда и инклузивност за да заживее повторно младинскиот активизам и солидарноста.
Со оваа Стрaтегиска рамка започнуваме активна соработка со прогресивни млади луѓе, граѓани и граѓанки кои се свесни за своите права, кои ќе ја спроведуваат нашата мисија и визија.
Во трите полиња на работата на ХЕРА – сексуална и репродуктивна грижа, младинско учество и родово базирано насилство, целиме кон изнаоѓање заеднички јазик со сите коишто веруваат дека секој човек може и треба да живее слободно и во општествена благосостојба.
За сите активности и иницијативи кои ги спроведовме во текот на 2023 година, можете да прочитате во годишниот извештај кој е достапен на македонски и англиски јазик.