Пред вас е годишниот извештај на ХЕРА за 2016 година. Година во која политичката криза во државата се продлабочуваше, работењето со државните институции беше прилично блокирано, а дијалогот со претставниците на власта ограничен.
Во вакви услови можностите за посериозно лобирање за правата за сексуално и репродуктивно здравје беа предизвик. Но тоа не нè обесхрабри. Бројот на млади и маргинализираните заедници кои ги едуциравме или опслужувавме со услуги преку нашите сервиси, се зголемуваше. За време на парламентарните избори заедно со нашите партнери ја стекнавме поддршката од политичките партии за унапредување на сексуалните и репродуктивни права. Заедно со нашите партнери, меѓународно се ангажиравме за време на разгледувањето на извештајот на Македонија за имплементацијата на Конвенцијата за економски, културни и социјални права.
Ова е само мал дел од нештата кои успеавме да ги реализираме во 2016 година.