По повод светскиот ден против СИДА, 1 декември, групата за поддршка на лицата што живеат со ХИВ во Македонија – „Заедно посилни“, која работи во состав на здружението на граѓани ХЕРА, организира Кампања за солидарност и поддршка за лицата што живеат со ХИВ.
Оваа кампања има за цел да ги поддржи напорите на луѓето со ХИВ против стигмата и дискриминацијата, бидејќи ХИВ нè засега сите нас.
Заштитно лице на кампањата е поп-ѕвездата Каролина Гочева.
ПРОГРАМА НА КОНЦЕРТОТ НА ОПЕРСКИ АРИИ
1 Декември, 20:00 часот, Македонска опера и балет
- П.И. Чајковски – „Ленски“, ариjа од операта „Евгени Онегин“, транскрипција за виолончело и пијано
Настапува: Кирил Јосифов – виолончело
- Г. Доницети – „Арија на Рита“ од истоимената опера
Настапува: Александра Лазаровска-Василевски (сопран)
- Џ. Верди – „Aрија на Елвира“ од операта „Eрнани“
Настапува: Биљана Талеска (сопран)
- А. Понкиели – „Арија на Слепата“ од операта „Џоконда“
Настапува: Марика Поповиќ (мецо-сопран)
- М. Брух – Романса за виола и клавир
Настапува: Фана Спиркоска (виола)
- Џ. Пучини – „Арија на Лиу“ од операта „Турандот“
Настапува: Дешира Ахмети-Крлиу (сопран)
- С. Гасталдон – „Musica proibita“
Настапува: Зоран Сотиров (тенор)
- Ж. Бизе – „Сегедиља“ од операта „Кармен“
Настапува: Ирена Кавкалевска (мецо-сопран)
- Ф. Чилеа – „Плачот на Федерико“ од операта „Арлезијана“
Настапува: Ѓорѓи Цуцковски (тенор)
- В. Белини – „Арија на Елвира“ од операта „Пуритани“
Настапува: Славица Петровска-Галиќ (сопран)
Пијано придружба: Јанинка Невчева, Андрејa Наунов, Милан Јанкулоски
Програма за развој на ОН (UNDP)
ХЕРА
Akzent Media
Национален координативен механизам за Глобалниот фонд во Македонија
Авалон продукција
Медиумски партнери / покровители
Нова Македонија / Дневник / Утрински / Вест / Теа Модерна / Metropolis Radio Network / City radio / Antenna5 Radio Network / Радио Буба Мара / Радио МОФ
Соработници
Медикофармација – GILEAD
Винарија Стоби
LT 978 GRAPHIC DESIGN STUDIO