Документ зa јавни политики – Препораки за вклучување на родовата еднаквост и социјалната инклузија (РЕСИ) во новиот Предлог-закон за средно образование
Документот зa јавни политики – Препораки за вклучување на родовата еднаквост и социјалната инклузија (РЕСИ) во новиот Предлог-закон за средно образование дава насоки и препораки за вклучување на РЕСИ во новиот Предлог-закон за средно образование и во регулативата поврзана со него.
Тој укажува на недостатоците во Постоечката правна рамка, кои го ограничуваат пристапот до квалитетно и инклузивно образование за сите ученици, особено за ранливите и маргинализираните групи. Истовремено инклузивно образование за сите ученици, особено за ранливите групи – учениците со попреченост, учениците од помалите етнички заедници и др. Истовремено, укажува на потенцијалот за унапредување на постоечкото законско решение и нуди солидни препораки за позитивни општествени промени во однос на родовата еднаквост и социјалната инклузија.
Што нуди Предлог-законот, а што недостига? Предлог-законот нуди одредени нови и современи решенија, како што се образовна асистенција, инклузивна инфраструктура и достапна асистивна технологија за учениците со попреченост. Тој предвидува дополнителна поддршка за учениците Роми преку образовни медијатори и обезбедува кариерно советување за сите ученици, заради подобро поврзување со пазарот на трудот. Сепак, во Предлог-законот целосно отсуствува организиран пристап за унапредување на родовата еднаквост – како обид за надминување на стереотипните улоги и поделба на одговорностите меѓу жените и мажите, девојките и момчињата, како и подготовка за нивна порамноправна улога во општеството. Во Законот се потребни посебни мерки за поттикнување на девојките во областите на СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика), каде што нивниот број е значително помал. Исто така, Предлог-законот пропушта клучни елементи за заштита од дискриминација, како што се вклучувањето на родовиот идентитет и сексуалната ориентација како основи за заштита од дискриминација. Дури и самиот систем за одговор во случаите на дискриминација и насилство не е прецизно определен, со цел да биде училиштето безбедно и сигурно место за сите ученици. Дополнително, потребно е понатамошно подобрување на пристапот и на условите за учениците со попреченост и за учениците од помалите етнички заедници, посебно Ромите, заради подобрување на инклузивноста и интеграцијата на овие категории ученици.
Публикацијата е достапна на македонски, албански и англиски јазик.

