Првиот семеен центар (ПСЦ) е специјализирано советувалиште за поддршка на жени кои се жртви на семејно насилство или насилство во врска. Советувалиштето им помага и на други лица од семејството и на децата кои живеат во средината каде што се врши насилството.
ПСЦ го отворивме во соработка со Град Скопје во 2013 година и оттогаш повеќе од 1600 жени и деца ги користеле услугите на советувалиштето. Услугите ги дава тим составен од социјален работник, психолог и 10 психотерапевти кои имаат долгогодишно искуство и пракса во случаи со семејно и друг вид на насилство.
Доколку не сте сигурни дали сте жртва на семејно или родово базирано насилство или, пак, сакате да дознаете какви услуги нуди Првиот семеен центар и како изгледа првата средба со социјалниот работник или психологот, пролистајте ја брошурата „Не си сама“ на македонски или албански јазик.
Сите услуги во ПСЦ се бесплатни и доверливи. Во услови на пандемијата предизвикана од ковид-19, советувалиштето работи согласно безбедносните протоколи утврдени од надлежните. Услугите се достапни за жителите на град Скопје, но и на другите градови од земјата.
Доколку имате потреба од поддршка уште сега, обратете ни се секој работен ден од 9 до 19 часот.
ул. Иво Аговски бр. 11/2-3, Скопје
02/3200 007 ; +389 70 249 596
infopsc@hera.org.mk
www.facebook.com/infopsc