Барање за прибирање на понуди за кетеринг услуги
За потребите на спроведување на проектот „Зајакнување на Ромките преку основање на социјално претпријатие” (Empowering Roma women through social enterprise creation), кој е финансиран од Европската комисија во рамки на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 „Социјална инклузија и вработување на локално ниво” од Инструментот за пред-пристапна помош, ХЕРА има по треба од услуги за обезбедување кетеринг во траење на 4 месеци.
Кетерингот е потребен како дел од четиримесечната обука за палијативна грижа, која ќе се одржува во НВО Хуманост, во Скопје.
Ве покануваме да ни ги доставите вашите понуди најдоцна до 29 мај до 16:30 часот по електронски пат на konkurs@hera.org.mk и по пошта нa Дебарца 56, 1000 Скопје.
Техничката спецификација за повикот може да ја прочитате на овој линк.
Во рамки на Европската недела на ХИВ, која се одржа од 23 до 30 ноември 2018 година под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“, ХЕРА ја подготви и брошурата „Прашања и одговори за ХИВ“ која ги дава одговорите на најчестите прашања поврзани со ХИВ.
Повеќе »
Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!
Повеќе »
Бесплатни услуги
ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување
Повеќе »
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за вработување на определено време за позицијата асистент/ка на проект за потребите на проектот „Зголемување на националните капацитети за креирање и имплементирање на политики за сексуално и репродуктивно здравје на принцип на човекови права, вклучително во хуманитарни и кризни состојби”, поддржан од Фондот за население на Организацијата на Обединетите Нации (УНФПА).
Повеќе »