Почитувани,
Ве покануваме да поднесете понуда за обезбедување услуга – хотелско сместување и угостителски услуги за одржување обуки за потребите на проектот „Отвораме можности“, финансиран од Европската комисија во рамки на ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми (2016-2017) која им дава поддршка на граѓанските организации во рамки на Акциониот план на инструментот за поддршка на граѓанското општество 2016-2017 и е ослободен од данокот на додадена вредност, а се спроведува од Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.
Планирано е да се одржи летна школа во периодот од 27 август до 2 септември 2018 година во Охрид и околината.
Услугата ќе биде обезбедена согласно Договор кој ќе биде склучен помеѓу набавувачот и добавувачот, по изборот на понудата.
Вашата понуда би требало да ги вклучува следните податоци:
- Хотелско сместување (еднокреветна соба со доручек, ручек и вечера) за 24 учесници за 6 ноќевања, пристигнување на 27.08.2018 година (почнување со ручек) и заминување на 02.09.2018 година (по доручекот);
- Сала и кафе паузи за 24 учесници;
- Опрема за симултан превод за 24 учесници.
Проектот е финансиран од Европската Унија и е ослободен од данокот на додадена вредност (ДДВ).
Критериум за избор на добавувач е цената и квалитетот на услугата.
Договорен орган е Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, Скопје, тел. 02/3290-395. Понудата се доставува со предавање во архивата на набавувачот Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување со адреса ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, Скопје или по електронски пат на milena.papakoch@hera.org.mk.
Лице за контакт кај договорниот орган е Милена Папакоч, телефон 3292-395, факс 2556-002, електронска адреса milena.papakoch@hera.org.mk
Краен рок за доставување на понуди е 7 дена од датумот на објавата, но не подоцна од 23.05.2018 година до 16.30 часот.