ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување отвора повик за прибирање понуди за: Дизајн и спроведување на теренско истражување и анализа на ставовите и перцепциите на граѓаните за родовата еднаквост, со посебен нагласок на младите лица. Бараната услуга вклучува дизајн и спроведување на теренско истражување на репрезентативен примерок и изработка на финален извештај од анализата на добиените податоци за ставовите и перцепциите на граѓаните за родовата еднаквост, со посебен нагласок на младите лица.
Ве покануваме да ни ги доставите вашите понуди по електронски пат на konkurs@hera.org.mk или по пошта нa: ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје.
Во делот на техничките спецификации се обезбедени информации и детали за осмислување на понудите.
Насоки за понудувачите
- Договорен орган
Договорен орган е ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување со адреса на ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје, телефон за контакт 02/2390 395, факс 02/2556 002.
Истражувањето се спроведува во рамки на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики”, со поддршка од Британската амбасада во Скопје.
Лице за контакт кај договорниот орган е Гордана Стефковска – Вељановска, телефон 071 292 002, електронска адреса gordana.veljanovska@hera.org.mk.
2. Предмет на договорите за набавка
Предмет на договорот за набавка е: Дизајн и спроведување на теренско истражување и анализа на ставовите и перцепциите на граѓаните за родовата еднаквост, со посебен нагласок на младите лица. Бараната услуга вклучува спроведување на теренско истражување на репрезентативен примерок и изработка на финален извештај од анализата на добиените податоци за ставовите и перцепциите на граѓаните за родовата еднаквост, со посебен нагласок на младите лица.
Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа документација.
3. Рок на испорака/ за извршување на услугата
Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот до 15.10.2024.
4. Начин на плаќање
Плаќањето ќе се изврши во две исплати. Соодносот на двете исплати ќе се утврди на предлог и во договор со избраниот понудувач. Секој понудувач е слободен да го наведе соодносот на двете исплати како процент од вкупната сума наведена во понудата во согласност со потребите и динамиката на работата. Втората и завршна исплата следува по извршување на целокупната работа и финализација на завршниот извештај од истражувањето.
5. Право на учество
Право да достави понуда има заинтересирано правно лице – понудувач, кој во рамки на својата работа вклучува истражување и анализи (истражувачки куќи, агенции или сл.)
6. Начин на докажување на способноста на понудувачот
Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за професионалната дејност и професионалната способност со изјава која ја доставува во Прилог 1 на својата понуда и со поднесување на биографија или портфолио на компанијата.
7. Изготвување и поднесување на понудите
7.1. Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во повикот во електронска форма или печатена форма, со користење на обрасците дадени во прилог.
7.2. Елементи на понудата/ите
Секоја понуда треба да е составена од следниве елементи:
- Образец на понуда Прилог 1,
- Биографија/портфолио на компанијата со истакнати работни ангажмани во согласност производот или услугата која е предмет на набавката,
- Биографии на двата понудени истражувачки експерти, кои ќе бидат вклучени во дизајнот на истражувањето и изработката на извештај од анализата, со вклучени референци и линкови од истакнати работни ангажмани (истражувања/анализи/извештаи) во согласност со производот или услугата која е предмет на набавката.
7.3. Јазик на понудата
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик.
7.4. Цена на понудата
Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
7.5 Валута на понудата
Цената на понудата се изразува во денари.
8. Краен рок и место за поднесување на понудите
- Краен рок за поднесување на понудите е 28.06.2024 до 16.00 часот.
Понудите се поднесуваат електронски на konkurs@hera.org.mk со наслов „Понуда за (име на производот или услугата)“ или по пошта на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје.
Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување нема да биде прифатена за разгледување.
9. Известување за доделување на договорот/ите за набавка
Избраниот понудувач ќе биде известен во електронска форма дека неговата понуда е прифатена, во рок од најмногу 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолната понуда. Во исто време, и сите други понудувачи ќе бидат известени за резултатите од повикот, односно за одлуката кој е најповолен понудувач.
10. Технички спецификации
Предметот на понудата ги предвидува следните поспецифични барања со предвидените рокови:
Задача | Рокови |
Дизајн на истражувањето со ангажман на двајца истражувачи експерти, од кои едниот психолог, а другиот правник кои ќе работат во соработка со ХЕРА за утврдување на потребите на истражувањето и темите кои ќе се покријат. | Најдоцна до 20-ти јули 2024 |
Подготовка на прашалник за теренско истражување на македонски јазик, со околу 30-35 истражувачки прашања кои ќе ги покријат договорените теми, на репрезентативен примерок, со дел на 3-5 дополнителни прашања наменети за млади лица до 35-годишна возраст. | Најдоцна до 30-ти јули 2024 |
Превод на прашалникот на албански јазик и програмирање на двата прашалници во софтвер за анкетирање и финализирање на сите подготовки за негово спроведување. | Најдоцна до 5-ти август 2024 |
Спроведување на теренското истражување на репрезентативен примерок од 1000 до 1100 испитаници. | Најдоцна до 30-ти август 2024 |
Обезбедување иницијален извештај со прелиминарни податоци, табели и графикони за наодите од истражувањето. | Најдоцна до 5-ти септември 2024 |
Преглед на извештајот и прибирање дополнителни податоци за неопходните наративи, пристап и пораки со кои би се менувале одредени стереотипии и предрасуди, со цел да се надминат постоечките бариери во остварување на правата за родова еднаквост и непостоење дискриминација по овој основ. Дополнителните податоци ќе се приберат преку:
o Три фокус групи и пет индивидуални интервјуа (кои дополнително ќе се договорат со нарачателот) |
Најдоцна до 30-ти септември 2024 |
Финализирање на извештајот од истражувањето – со толкување на добиените наоди, вградување соодветни интерпретации и заклучоци, како и обезбедување препораки како да се надминат определени штетни наративи во различен дел од популацијата, посебно кај младите лица. Препораките треба да послужат за креирање идни кампањи за промовирање на родовата еднаквост и стратешка комуникација со различни сегменти од популацијата, посебно со младата популација. | Најдоцна до 15-ти октомври 2024 |