Денеска го одбележуваме Меѓународниот ден за акција за пристап до безбеден и легален абортус! Во време кога сексуалните и репродуктивните права низ светот драстично се уназадуваат, а штетното влијание на американската политика на глобално замолчување допрва ќе се почувствува, глобалната кампања предводена од Women’s Global Network for Reproductive Rights (WGNRR), потсетува дека патот до безбеден и легален абортус отсекогаш бил полн со трње! А борбата за остварување на сексуалните и репродуктивните права – долга и исцрпувачка, но и жилава – лична и колективна! И наша! Тука сме и нашата ќе ја истераме до крај! За нашите тела, нашите абортуси, нашите права! #28септември#ЌеЈаИстераме #IResistWePersist