Годинешниот 28 септември – Глобален ден за акција за пристап до безбеден и легален абортус се одбележува под слоганот „Зачекори во нашите приказни, зачекори во нашите чевли“ за да ги разобличи осудата и родовите стереотипи кои ги обележуваат жените кои се решиле на абортус.
Со цел да придонесеме кон стигмата за абортусот кај нас, која е и натаму една од главните пречки за пристапноста и достапноста на оваа услуга, на 29 септември во Македонската опера и балет организиравме дебата на тема „Овој Дом верува дека политиките за абортус (не) се во прилог на македонското општество“ со почеток во 19 часот.