На 22 ноември се одржа завршната конференција на тема „Грижи се машки – Од свесност до вклученост: Вклучување на мажите во превенција на родово насилство и работа со сторители со фокус на безбедноста на жртвата“, во организација на Реактор – истражување во акција и ХЕРА – Aсоцијација за здравствена едукација и истражување.
Клучните поенти од обраќањата можете да ги прочитате тука, а снимката од целосниот настан да ја погледнете во продолжение:
Овој настан е дел од проектот „Воспоставување на мулти-професионална превенција на родово засновано насилство, работа со сторители преку пристап фокусиран на безбедноста на жртвата и советување на мажите во Северна Македонија“ поддржан од Verein für Männer- und Geschlechterthemen Steiermark (Здружение за машки и родови прашања Стирија) (Грац, Австрија) со финансиска поддршка од aвстриското Сојузно министерство за социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.