Ромите страдаат од понизок здравствен статус и секојдневно се соочуваат со низа бариери во однос на пристапот до услуги за сексуално и репродуктивно здравје. Овие бариери се изразуваат преку појава на дискриминација, стигма, финансиски потешкотии, непоседувањето на лични документи и здравствено осигурување, оддалеченост на здравствените установи, како и недоволни знаења во однос на нивните здравствени права. Животниот век на Ромите е десет години понизок од националниот просек. Стапката на смртност кај новороденчињата е скоро двојно поголема од општата популација.
Целта на програмата Ромски здравствени медијатори е да ги подобри здравствените состојби на Ромите и нивниот пристап до здравствена заштита и услуги за сексуално и репродуктивно здравје, дејствувајќи како врска во синџирот за подобрување на комуникацијата помеѓу ромското население и здравствениот систем со цел да се олесни пристапот до здравствената заштита, да се воспостави доверба помеѓу пациенти и даватели на здравствени услуги и да се развиваат навики за грижата за сопственото сексуално и репродуктивно здравје и грижата за другите.
Ова видео ве запознава со работата на Ромските Здравствени Медијатори – нивните активности, искуства и очекувања. Можете да дознаете на кој начин тие им служат на своите заедници, како им го пристапот до различните здравствени и социјални услуги, особено кога станува збор за сексуалното и репродуктивното здравје и права на Ромите.
Програмата „Ромски здравстени медијатори“ започна во 2011 година со усвојувањето на Стратешката рамка за подобрување на здравствениот и социјалниот статус на Ромите, а се спроведува благодарение на поддршката од страна на Фондација Отворено општество – Македонија, Амбасадата на Република Бугарија и Министерството за Здравство.