[wpdevart_youtube]FA2nry3A3qs[/wpdevart_youtube]Комисијата за заштита од дискриминација заедно со Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, на 17-ти ноември 2015 година, во ЕУ Инфо Центарот организираше промотивен настан за промоција на видео спотот ,,За нација без дискриминација“.
Целта на кампањата е подигнување на свеста кај сите граѓани, со цел намалување на дискриминацијата по сите различни основи, особено на бришење на сликата која со години е создавана за лицата со различна сексуална ориентација.
Кампањата е дел од проектот ,,Зајакнување на владеењето на правото за заедницата на ЛГБТ граѓани“, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.
Онлајн образец за поднесување на претставки за дискриминација е достапен тука.
Протоколот за утврдување на постапката за постапување во случаи за заштита од дискриминација може да го најдете тука.