„Заокружи 20“ е онлајн кампања за промоција на Протоколот за утврдување на постапката за постапување во случаи за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Протоколот е резултат од соработката на ХЕРА и Коалицијата „Маргини“ со Комисијата за заштита од дискриминација, како дел од проектот „Зајакнување на владеењето на правото на заедницата на ЛГБТ граѓани“. Благодарение на бројот 20, кој стои за „родов идентитет и сексуална ориентација“, припадниците на ЛГБТИ заедницата за прв пат имаат можност да пријават дискриминација врз основа на нивната сексуална ориентација и родов идентитет.