Како дел од проектот „Зајакнување на владеењето на правото за заедницата на ЛГБТ-граѓаните“, имплементиран од Комисијата за заштита од дискриминација“ заедно со ХЕРА и Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, а поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија, беше подготвен Протокол за утврдување на постапката за постапување во случаи за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.
Дополнително, Комисијата го дополни формуларот за поднесување претставка вклучувајќи ја и сексуалната ориентација како основа за дискриминација, и тој е достапен тука.
Протоколот е достапен на следниот линк во мк верзија и во алб верзија.