За својата анализа, авторката Ана Мишковска Кајевска ќе рече:
„Овој труд ги содржи моите првични сознанија и размислувања во врска со процесот
што доведе до стапување во сила на новиот закон за прекинување на бременост (скратено:
закон за абортус) во Република Македонија во 2013 година. При разработувањето на оваа
студија на случај и проучувањето на службени документи и медиумски записи, го следев
еден од принципите на Чарлс Тили (Charles Tilly, 2007:60) за опишување на демократија,
демократизација и дедемократизација: „Фокусирајте се на набљудување на интеракциите
помеѓу граѓан(к)ите и државите…набљудувајте што се случува кога групи на граѓан(к)и
поставуваат барања до државните службенички/ци и кога државните службеници/чки сакаат
да ги спречат своите непријател(к)и и ривал(к)и“. Тврдам дека ова донесување на закон е
типичен пример на вознемирувачкото фактичко укинување на и онака ранливата демократија
во повој во Македонија.“
Одличната анализа е достапна на македонски и на англиски јазик.