Времените препораки за постапување со бремени пациентки за време на пандемијата со КОВИД-19 се базираат на досега достапните сознанија за состојбите поврзани со болеста КОВИД-19, предизвикана од вирусот SARS CoV 2 и се однесуваат на сите здравствени работници кои доаѓаат во контакт со оваа категорија на пациентки. Тоа се матичните гинеколози, гинеколозите кои се одговорни за грижата во родилиштата, педијатрите, акушерките и сестрите задолжени за антенаталниот и перипарталниот период, како и сиот останат здравствен персонал вклучен во следењето и лекувањето на бремените пациентки.
Времените препораки ги изработивме во соработка со Министерството за здравство и со поддршка од Фондот за население на ООН – УНФПА.
Иако им се наменети првенствено на здравствените работници, содржат информации кои можат да им користат и на бремените жени бидејќи се однесуваат на општите препораки за превенција на ширењето на вирусот, како и на оптимизацијата на редовните антенатални прегледи.
Времените препораки се достапни на македонски и албански јазик.