Денес во Големата сала на Советот на Град Скопје се оддржа воведниот состанок со претставниците од училиштата кои се вклучени во проектот „Советувалиште и едукација за превенција од употреба на дрога помеѓу средношколска популација во град Скопје“. Овој состанок има за цел да ги запознае преставниците на училиштата со целите на овој проект и да се направи план за спроведување на идните активности. Проектот завршува во мај идната година, а во него се вклучени 12 училишта кои се на територијата на Град Скоје.
Ова е втората фаза во спроведувањето на проектот. Мината година започна спроведувањето на овој проект, кој е дел од Стратегијата за дроги на Град Скопје. Мината година беа вклучени првите 9 училишта.
Во изминатата година беа постигнати значајни резултати. Во септември беше отворено првото советувалиште за превенција од употреба на дроги во Град Скопје. Советувалиштето кое што се наоѓа во Младинскиот центар „Сакам да знам“ за десет месеци имало вкупно 166 посети. Клиенти на ова советувалиште беа малди луѓе, родители, партнери и стручните служби од училиштата. Поради зголемениот интерес од септември оваа година ова советувалиште работи три дена неделно, за разлика од минатат кое што работеше два пати неделно.
Преку спроведувањето на акцискиотте планови во изминатат година беа опфатени над 4000 млади луѓе со активности за превенција од употреба на дроги. Како дел од овој проект беа изведени 4 аматерски театарски претстави, беа одржани трибини во училиштата за родители и за наставници, покрај тоа беа спроведувани едуактивни работилници за учениците, беа подготвувани постери и брошури.
Сите овие активности имаат имаат за цел младите во град Скопје, особено средношколската популација, да имаат подобар и полесен пристап до информации и советување за превенција од дроги и справување со проблемите од користењето на дрогите.
Овој проект се спроведува од страна на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, а е подржан од Град Скопје. Буџетот за оваа година изнесува 1.300.000 денари, што е зголемување за 25% од минатат година.