Васка Цветаноска Панова

Проектна координаторка на ИПА проект

vaska.panova@hera.org.mk

 

                             

 

 

 


Васка Цветаноска Панова е родена и живее во Скопје. По завршувањето на студиите година на Стоматолошкиот Факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје во 2008 година, почнува да се активира во невладиниот сектор работејќи како проектна координаторка на проекти поврзани со јавно-здравствени и превентивни програми.

Десетгодишното работно искуство што досега го има стекнато преку ангажман во неколку граѓански здруженија во Македонија, го започнува во Црвениот крст на Република Македонија, како дел од стручната служба во секторот за здравствено-превентивна дејност.

Во меѓувреме се запишува на постдипломски студии по јавно здравје на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во рамките на својот ангажман, искуството го насочува кон координирање и менаџирање на проекти финансирани од странски донатори со акцент на Европската Унија. За време на работењето стекнува искуство во следење и пишување проектни апликации на повици од меѓународни и домашни донатори и станува дел од работни групи за изработка на стратегии, истражувања и прирачници.

Нејзините интереси се семејството, социјалната еднаквост и слободниот пристап до квалитетни јавно – здравствени услуги.

Во ХЕРА работи од јануари 2017 година како проектна асистентка на ИПА-проектот „Зајакнување на Ромките преку основање на социјално претпријатие“.

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Анализа и предлог-модалитети: здравствената заштита за репродуктивното здравје во Македонија

Жените во Македонија, особено оние од социјално ранливите групи, се соочуваат со различен вид на бариери во обидот да се снабдат со услуги за репродуктивното здравје. Лошото репродуктивно здравје е причина за една третина од глобалното оптоварување со болест кај жените во репродуктивна возраст и една петтина од сите причини за глобалното оптоварување од болести кај општата популација.

Повеќе »

Чук, чук, извинете што пречам на часот, ССО кога ќе имаме?

Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за ангажирање на финансиски/-ка асистент/-ка

Во рамките на проектот „Отвораме можности” поддржан од Европската Комисија во рамки на ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми 2016-2017, ХЕРА објавува конкурс за ангажирање на финансиски/-ка асистент/–ка во Скопје, за период јуни-декември 2019 година, со можност за продолжување.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.