Со цел подигнување на јавната свест кај населението од заедниците најмногу засегнато од овој проблем, ХЕРА со поддршка на УНИЦЕФ организираат низа трибини во локалните заедници на тема Превенција на малолетнички бракови и малолетничка бременост.
Целта на трибините е да се да се подигне свеста на родителите и децата на возраст од 12-18 години за важноста на образованието и за негативните ефекти на малолетничките бракови и малолетничката бременост.
Предвидено е да се организираат 4 трибини на следните локации- Шуто Оризари, Штип, Кочани и Гостивар. Првата од трибините, која се одржа во општина Шуто Оризари, предизвика голем интерес кај заедницата, и на неа присуствуваа 46 лица.
Заедно со заедницата, родителите, децата на возраст помеѓу 12-18 години, со вклученост на претставници од невладините организации и институциите од областа на здравството, образованието и социјалата ќе работиме здружено во насока на поголема едукација и информираност, а со тоа и кон намалување на бројот на малолетнички бракови.