Групата за застапување за еднакви можности при вработување е составена од Ромки активистки и делува во рамките на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување како дел од проектот „Вработена Ромка = Независна Ромка“, поддржан од Фондацијата Kvinna till Kvinna.
Групата за застапување во моментов е единствената иницијатива на Ромки која работи активно на мониторинг на спроведувањето на стратегиските документи и се залага за нивно подобрување и за промовирање на родовата еднаквост во областа на вработувањето.
Членството во групата ќе им овозможи на оние кои ќе се вклучат зајакнување на нивните капацитети за застапување за родова еднаквост, учество на состаноци за застапување во општини и национални институции, учество во анализа и мониторинг на политики од аспектот на нивното влијание врз состојбата на Ромките, при што сите ќе имаат можност да дадат и свој придонес во подигнување на јавната свест за дискриминацијата и стигмата врз Ромките во делот на вработувањето.
Сакаш да направиш промени во подобрувањето на економската состојба на Ромките? Тогаш аплицирај и биди дел од оваа Група.
Најдоцна до 27 јануари 2022 година заинтересираните кандидатки треба да достават кратка биографија електронски на olivera.stojkovska@hera.org.mk со назнака Пријава за членство во Група за застапување за вработување.
Сите активности на Групата за застапување може да ги следите на Фејсбук-страната Вработена Ромка = Независна Ромка на следниов линк. Додека пак, онлајн платформата за поддршка на Ромки формирана од страна на Групата за застапување може да ја најдете на следниов линк и да се приклучите за следење на информации, споделување на искуства, меѓусебна поддршка и дружење.