Нашите два младински центри за сексуално и репродуктивно здравје „Сакам да знам“ се наоѓаат на Водно и во Шуто Оризари и се отворени секој работен ден.
ВАЖНО! Младинските центри се отворени за прием, закажување и нудење на услуги, со почитување на протоколот за заштита (задолжително носење на маски, ракавици и дезинфекција на раце). Притоа, ХЕРА ги обезбедува сите заштитни материјали за клиентите.
Младинските центри на ХЕРА нема да работат од 30 декември 2020 година до 10 јануари 2021 година. Воедно, ве известуваме дека поради тековните градежни работи во близина на младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно, повремено се случува прекин на телефонската линија и интернет-конекцијата и не сме секојпат во можност да ги примиме вашите јавувања или навреме да одговориме на вашите пораки. Ви благодариме за разбирањето.
По празниците, термин може да закажете лично во нашите младински центри: Младинскиот центар – Водно работи од 11 до 18 часот од понеделник до четврток и од 9 до 16 часот во петок, а Младинскиот центар – Шуто Оризари е отворен секој работен ден од 9 до 16 часот. Термин може да закажете и телефонски на соодветните телефонски броеви и електронски на hera@hera.org.mk.