Од денес младинскиот тим почнува повторно со „Секси маало“. Секоја втора среда од 12.15 часот на Радио МОФ.
Овој месец ќе го посветиме на теми поврзани со родовото насилство, особено насилството врз жените. Низ низа разговори и информации, зачинети со музика, ќе дознаете што всушност е родовото насилство, кои се формите, а кои се последиците. Исто така ќе слушнете повеќе и за она што се прави кај нас, но и во светот за да се намали насилството.
Вашите предлози и коментари пишете ни ги на нашата фејсбук страница, како и на твитер со хаштагот #seksimaalo