На 9 декември, заедно со Реактор – истражување во акција ја организиравме конференцијата „Грижи се машки – Од свесност до вклученост: Вклучување на мажите во превенција на родово насилство и работа со сторители со фокус на безбедноста на жртвата“.
Обединувајќи педесетина домашни и странски говорници, вклучително и претставници на граѓанскиот сектор и институциите, а претставници од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука, на оваа конференција се дискутираше за советувањето и работата со сторители на родово базирано насилство, аспектот на превенција на родово базираното насилство и поголемо вклучување на мажите во борбата против оваа појава. Снимката од конференцијата е достапна на линкот подолу.
Овој настан е дел од проектот „Воспоставување на мулти-професионална превенција на родово засновано насилство, работа со сторители преку пристап фокусиран на безбедноста на жртвата и советување на мажите во Северна Македонија“ поддржан од Verein für Männer- und Geschlechterthemen Steiermark (Здружение за машки и родови прашања Стирија) (Грац, Австрија) со финансиска поддршка од aвстриското Сојузно министерство за социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.