Со цел да го подобри здравствениот и социјалниот статус на Ромите во Македонија, во 2012 година Министерството за здравство обучи и акредитираше 16 Ромски здравствени медијатори (РЗМ). Настојувајќи да им го олеснат и подобрат пристапот на Ромите до здравствените услуги во рамки на постојниот здравствен систем, РЗМ ја унапредуваат комуникацијата помеѓу Ромите и здравствените работници, обезбедува помош во процесот на вадење потребната лична документација и здравствено осигурување и спроведува здравствена едукација и промоција во самата заедница. Низ бројки собрани од теренот и лични искуства и ставови на Ромите и патронажните служби во здравствените домови, вториот Билтен ни ја доближува работата на РЗМ во 2012 година.
Билтенот е достапен на македонски јазик.