Росана Јаневска
Росана Јаневска,
правна советничка и проектна координаторка
rosana.janevska@hera.org.mk
Росана Јаневска е магистер по правни науки од областа на кривичното право, со положен правосуден испит.
Во периодот од 2012 до 2013 година е ангажирана како стручен соработник во канцеларија на извршител во Скопје, каде што стекнува знаења и вештини за спроведување на извршната постапка.
Во 2013 година е избрана за универзитетски асистент по предметот кривично материјално право на Факултетот за правни науки при Европскиот универзитет во Скопје. Авторка е на трудовите „Споредбена анализа на законските битија на кривичното дело убиството на миг и убиството извршено со пречекорување на границите на нужната одбрана” и „Казнено-правни и морално-етички аспекти на репродуктивното клонирање”, кои во текот на академското работење се објавени во меѓународни научни списанија.
Во 2016 година го започнува својот ангажман во ХЕРА како правен советник и полномошник на организацијата, истовремено работејќи на проектите „Интеграција на правно зајакнување и мониторинг на заедницата за унапредување на репродуктивното здравје на Ромките од Шуто Оризари”, „Бранење на правото на избор – абортус” и „Владеење на правото за ЛГБТИ”, со примарна надлежност во обезбедување правна помош за клиенти од социјално исклучените групи на граѓани кои се соочуваат со прекршување на сексуалните, здравствените и социјалните права.
Во рамки на Европската недела на ХИВ, која се одржа од 23 до 30 ноември 2018 година под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“, ХЕРА ја подготви и брошурата „Прашања и одговори за ХИВ“ која ги дава одговорите на најчестите прашања поврзани со ХИВ.
Повеќе »
Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!
Повеќе »
Бесплатни услуги
ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување
Повеќе »
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување отвора повик за прибирање понуди за изработка и дизајн на тријазична веб-страница којашто ќе биде официјалната веб-страница на самата организација, како и за обезбедување домен и хостинг на веб-страницата во период од три години по нејзиното започнување со работа.
Повеќе »