Прв семеен центар на Град Скопје

Првиот семеен центар (ПСЦ) претставува прво специјализирано советувалиште кое им нуди психосоцијална поддршка и советување на семејства кои се во конфликтни односи, во кои акутно се врши насилство или, пак, се вршело во изминатиот период. Услугите ги нуди професионален тим од психотерапевти кој низ психосоцијален третман базиран врз соодветна техника на психотераписка работа ги зајакнува поединечно сите членови од семејството.

Центарот работи секој работен ден од 11.00 до 19.00 часот. Приемот на клиенти се врши во текот на целото работно време, а средбите со психотерапевтите се одвиваат меѓу 17.00 и 20.00 часот. Услугите во Првиот семеен центар се доверливи и бесплатни.

Првиот семеен центар на Град Скопје се наоѓа на ул. „Костурски херои“бр. 50 (поранешна „29 Ноември“), во близна на „Вучко“ позади Универзалната сала.

Телефон за контакт: 02/3200 007
Е-пошта: infopsc@hera.org.mk

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Стандарди и процедури за работа на Кризен центар за жртви на сексуално насилство

Од непосакувано „додворување“ и шеги со сексуална конотација до силување, кое може да го врши непознат, цела група, познато лице или член на семејството, сексуалното насилство е често застапен вид на злоупотреба и дел од проблематичната реалност на многу жени и девојчиња во светот и кај нас.

Повеќе »

„Задоволство и врски“ – SexEd 2.0

На второто издание на SexEd зборувавме за магијата на задоволството, разноликоста и филозофијата на врските – со себе и другите. Јавно отворивме многу скокотливи теми и скршивме цел куп табуа во само една вечер. SexEd 2.0 е едукативно и инспиративно патување за сите сетила, а сега во него можете да уживате и вие преку раскажувачките моќи на нашите говорници.

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Повик за понуди: Консултант(ка) за подготовка на Стратегија и Акциски план за развој на Ресурсен центар за поддршка на социјалното претприемништво на територија на град Скопје

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање физичко или правно лице за подготовка на Стратегија и Акциски план за развој на Ресурсен центар за поддршка на социјалното претприемништво на територија на град Скопје. Ангажманот е во рамките на проектот „Отвораме можности“, поддржан од Европската Комисија во рамки на ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.