Денес во рамките на настанот „Прво па женско #2“ од 15 часот во Младинскиот културен центар, иницијативата Матка го промовираше второто издание на весникот „Избор“.
Овој бесплатен весник има за цел да ја информира јавноста околу сите аспекти кои што се однесуваат на новиот закон за прекинување на бременоста, односно сите здравствени, социјални, правни и политички последици. Во вториот број, во уводникот пишува Калиа Димитровска за тоа како овој закон е во колизија со принципите на човековите права и како тој задира во телесниот интегритет на секоја жена.
Покрај тоа може да го проследите и интервјуто со д-р Бојан Митаноски, кој што говори за сите медицински аспекти на постапката за прекинување на абортусот, но и останатите социјални фактори кои што се поврзани со него. Како што истакнува д-р Митаноски со новиот закон за прекинување на бременоста може да се очекува зголемување на нелегалните абортуси кои што понатаму може пак да влијаат на здравјето на жените.
Во вториот број на весникот Избор излегоа Ивана Јордановска, Калиа Димитрова и Кристина Леловац. Овие три жени, активистки секој од свој различен агол зборуваат за женските права и нејзиниот телесен интегритет, за начините на кои што се менуваат политиките и се носат законите, како и за одлуките дали или не да се имаат деца.
Во рубриката култура може да ја погледнете рецензијата на филмот „Казна за недостојните“ (2004) од режисерот Мајк Ли.
По промоцијата на вториот број на весникот „Избор“ следеше дискусија за последиците од рестриктивните закони за абортус, како што е новиот и во нашата земја.
***
Tiiiit! Inc. заедно со ХЕРА, Реактор – истражување во акција, ЛезФем, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, Бори се женски, Здружение „Студентска организација Излез“, Контрапункт и Акција Здруженска поттикнати од нетранспарентноста на донесувањето на законот за прекинување на бременоста, ја создадоа Матка – платформа за слободен пристап до легален абортус.
Иницијативата „Мое тело – Мој избор!“ е поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.