1. Што сме постигнале досега:
- ЗА ОДБРАНА НА ПРАВОТО на ИЗБОР: ХЕРА беше лидер организација за да се спречат обидите на власта да го донесе новиот закон за абортус во Јуни 2013 години. Преку мобилизација на невладините организации и граѓаните се протестираше на улица,се правеа аргументирани анализи, се оспоруваше уставноста на законот, се организираа јавни расправа во Собранието, се бараше поддршка од пратениците, меѓународните организации и Комитетот за човекови права при Обединетите Нации.
- Иако со новиот закон се ограничи правото на избор на жената за прекин на бременоста, сепак успех на нашиот активизам беа бришењето на одредбите на согласност на брачниот партнер при донесувањето на одлуката на жената и одземање на ексклузивното право на Министерот за здравство да поставува членови на комисиите во болниците кои решаваат за прекин на бременоста по 10-тата недела од бременоста.
- По четиригодишната кампања: ХЕРА спроведе истражување за ставовите кон абортусот помеѓу општата популација и гинеколозите во Македонија
- ХЕРА секоја година го одбележува 28 септември „Меѓународен ден за акција за пристап до безбеден и легален абортус“
- МЕДИКАМЕНТОЗЕН АБОРТУС: Први кои уште во 2009 година започнавме со истражувања од употребата на медикаментозен абортус, обучивме повеќе од 100 гинеколози со помош на меѓународни експерти и изработивме едукативни материјали за здравствени работници и општата популација за предностите од користењето на оваа метода
- АБОРТУС СТИГМА: Од 2014 година, по донесувањето на новиот закон за абортус континуирано работиме на намалување на предрасудите и стереотипите кај младите во однос на правото за избор за абортус и репродуктивните права преку организирање на едукации и кампањи на социјалните медиуми
2.Партнери
- Коалиција за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници
- Реактор
- Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија
- Бори се женски
- Професионално здружение на гинеколози
- Европски Парламентарен Форум за Популација и Развој (European Parliamentary Forum for Population and Development)
3. Лице за контакт
Бојан Јовановски