ПРЕКУ РАЗВОЈ НА СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ДО ИНКЛУЗИВНА ЗАЕДНИЦА
Овој прирачник е наменет за сите потенцијални социјални претприемачи што се заинтересирани да започнат социјален бизнис за вработување на лица од ранливи категории. Првенствено е наменет за невладини организации што даваат соодветни социјални, правни, здравствени услуги на лица од ранливи категории и се заинтересирани за економско зајакнување на тие лица или економска одржливост на организацијата и сакаат да засноваат социјални бизниси.
Овој прирачник ќе ви даде насока како да ја развиете соодветната економско-социјална мисија на организацијата, да ги насочите вашите човечки и финансиски потенцијали за засновање на социјално претпријатие што би отворило можност за вработување на лица од ранливи категории. Преку бизнис-канвасот ќе имате можност да ја развиете вашата социјална претприемачка идеја, водејќи сметка за паралелно остварување на социјална и економска мисија на вашиот бизнис. Понатаму, ќе бидат детално образложени одредени делови на законската правна легислатива за да изберете најдобар начин како правно да го регулирате вашиот социјален бизнис. На крајот ќе бидат презентирани информации за можности за финансирање на вашиот социјален бизнис.
Прирачникот може да го преземете на македонски и англиски јазик.
Година на издавање: март 2017