Поттикнати од фактот дека комуникацијата е темел на здравствената грижа, а комуникациските бариери клучен предизвик при остварувањето на здравствените права на Ром(к)ите, заедно со Центарот за семејна медицина при Медицинскиот факултет – Скопје изготвивме прирачник кој треба да ја подобри комуникацијата и нивото на соработка меѓу здравствените работници и Ромите како приматели на здравствени услуги.
Преку модулите во прирачникот, здравствените работници можат да се запознаат со културолошките навики и со традиционалните практики на ромското население и со начините на кои можат да ја подобрат својата комуникација и соработка со пациентите, што директно влијае врз пристапот и квалитетот на понудените здравствени услуги, како и врз довербата меѓу нив и пациентите.
Прирачникот за здравствените работници е достапен на овој линк.