Актуелната пандемија на КОВИД-19, предизвикана од коронавирусот SARS-CoV-2, го оптовари нашиот здравствен систем што несомнено се одрази и врз сексуалното и репродуктивното здравје на поединецот. Дополнително, ефектот што пандемијата го има врз нашето здравје во голема мера зависи и од воведените превентивни мерки (пр. карантин, полициски час, физичко дистанцирање, итн.), како и од економските последици и функционалноста на здравствените установи.
Сакајќи да дознае какво е влијанието на пандемиската криза и на превентивните мерки врз сексуалното и репродуктивното здравје, но и каков тип на информации и совети им недостигаат на луѓето во услови на криза, ХЕРА подготви анонимен прашалник за личните потреби и за пристапот до услуги и информации за сексуално и репродуктивно здравје во периодот од прогласувањето на вонредната состојба (крајот на март) па досега.
Вашиот придонес ни е многу важен, па ве молиме да одделите 10-на минути за да го пополните прашалникот. Би ви биле благодарни и доколку го споделите прашалникот со вашиот партнер/-ка, родител/старател, колега/-шка, пријател/-ка, познаник/-чка.
Прашалникот можете да го пополните на следниот линк.