Во рамките на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО), ХЕРА објавува повик за учество на обука од областа на ССО.
Обуката опфаќа:
- Дводневна работилница за запознавање со седумте компоненти на ССО и тоа: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност.
- Обуката исто така ви носи можност по нејзиното поминување да станете дел од тимот на волонтери ХЕРАМлади.
Обуката ќе се одржи викендот на 19 и 20 декември 2020 година на онлајн платформата Зум од 9 до 17 часот. Обуката е бесплатна и учесниците кои ќе ја поминат ќе добијат сертификат.
Ги покануваме сите млади кои:
- се на возраст од 14 до 18 години
- сакаат да добијат информации од полето на сексуалното и репродуктивно здравје и права
- се мотивирани да бидат волонтери во ХЕРА
- сакаат да работат во тим, знаат да исполнуваат задачи навреме
Заинтересираните најдоцна до 10 декември 2020 година треба да испратат:
- Писмо во кое ќе ја изразат својата мотивација зошто сакаат да бидат дел од оваа обука (најмногу 500 зборови)
Бројот на заинтересирани кои можат да земат учество на обуката е ограничен.
Ве молиме наведете телефон за контакт и е-адреса.
Документите со назнака/предмет на пораката повик за обука од областа на ССО можете да ги доставите по електронска пошта: praktikant@hera.org.mk