Во рамките на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО), ХЕРА објавува повик за учество на обука од областа на ССО. Викенд-обуката ќе се одржи на 8 и 9 мај, од 9 до 16 часот преку платформата Zoom.
Преку дводневната обука, младите ќе се запознаат со седумте компоненти на ССО и тоа: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност. Откако ќе ја поминат, младите ќе имаат можност да станат дел од тимот на по волонтери ХЕРА Млади.
Учесниците кои ќе ја поминат обуката, ќе добијат сертификат. Обуката е бесплатна.
Ги покануваме да се пријават сите млади кои:
- се на возраст од 18 до 23 години,
- сакаат да добијат информации околу сексуалното и репродуктивното здравје и права,
- се мотивирани да бидат волонтери во ХЕРА и
- сакаат да работат во тим и знаат да исполнуваат задачи навреме.
Најдоцна до 7 мај 2021 година, заинтересираните треба да испратат писмо во кое ќе ја изразат својата мотивација зошто сакаат да бидат дел од оваа обука (најмногу 500 зборови). Ве молиме да наведете телефон и е-пошта за контакт.
Бројот на заинтересирани кои можат да земат учество на обуката е ограничен.
Документите со назнака/предмет на пораката повик за обука од областа на ССО можете да ги доставите по електронска пошта: seksualnoobrazovanie@hera.org.mk.