ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува повик за прибирање понуди од правни лица, за продукција на подкасти за подигање на јавната свест за родовата еднаквост
Позадина
Зголемен е трендот на ширење дезинформации во однос на родовата еднаквост и родовите аспекти во образованието, како и ширењето говор на омраза, ксенофобија и расизам. Ова директно ги загрозува младите, нивното право на здравје, на информираност и образование, но и директно го напаѓа системот на демократски вредности и човекови права кои се основа за напредок и благосостојба на сите. Процесот на воспоставување на системот на поддршка за унапредување на родовата еднаквост преку конкретни мерки за различни категории граѓани, демократските права и вредности, како и на имплементација на родовите аспекти во формалниот образовен систем е сериозно загрозен. Затоа, потребно е темелно да се запознаат граѓаните со позитивните аспекти и придобивки од унапредувањето на системските решенија за овие теми, многу важни и клучни за напредокот на секоја земја.
Во една демократска држава, граѓаните, граѓанското општество и медиумите имаат суштинска улога. Младите се исклучително важна алка во развојот на едно општество, и нивното учество и вклучување во демократските процеси треба да се поддржи и поттикне. Треба да им се даде глас, првенствено преку нивно јакнење и информирање, но, и донесување политики и мерки кои ќе им помогнат да бидат движечка сила на општеството. Интересот на децата и младите е токму во основата на образовните политики и демократските процеси, кои, се мета на дезинформации.
Опис на активноста:
Активноста има за цел да ги понуди платформа за отворање дијалог, споделување и промовирање на демократските вредности и процеси, за да ја информира јавноста за придобивките од родово сензитивно образование и политики за поддршка на родова еднаквост во земјата. Особен фокус на подкастите се младите, и нивно поттикнување на младинско учество и младински активизам во сите демократски процеси кои се од нивен интерес, но, и широко информирање на јавноста за истите прашања. Подкастите треба да придонесат кон информирање на јавноста за конкретните состојби но и нудење на проверени информации и факти, со цел да се дојде до широка поддршка на јавноста на концептот на човекови права, родовата еднаквост, вклученост на сите категории граѓани, солидарност и поддршка на потенцијалот кој го имаат младите во земјата. Подкастите треба да придонесат кон информираност на јавноста и широка поддршка на започнатите системски позитивни реформи и иницирање на нови младински политики.
Кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве основни критериуми:
– Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 2 години;
– Спроведени најмалку пет креативни проекти и реализација на подкасти;
– Докажано портфолио во продукција на исти/слични продукти;
– Има опремено студио за продукција на подкасти.
Задачи:
– Да соработува и да ги следи насоките за изработка и продукција на 20 епизоди на 2 подкасти од лицето назначено од ХЕРА;
– Да обезбеди простор за продукција на подкастите и да го прилагоди согласно барањата за сценографија од лицето назначено од ХЕРА;
– Да обезбеди техничка поддршка за снимање слика и звук, обработка на звук и монтажа на финалните продукти;
– Да обезбеди изработка на лого и целосна креатива поврзана со визуелниот идентитет на 2 подкасти;
– Да достави продуцирани вкупно 20 епизоди од 2 подкасти во времетраење од 45-60 минути;
– Да изработи и достави по најмалку 2 кратки видеа од секоја продуцирана епизода во рамки на подкастите.
Временска рамка:
Работата на оваа активност се очекува да биде спроведена во период јули- декември 2024 година.
Потребна документација за аплицирање
При аплицирањето, заинтересираните компании треба да достават:
– Краток опис на компанијата;
– Портфолио со сработени подкасти за дигитални медиуми;
– Биографија од најмалку едно лице со искуство во продукција на подкасти на социјалните медиуми, односи со јавност, маркетинг и работа на социјални медиуми, кое би било ангжирано на активноста;
– Опис со технички карактеристики на опремата во студиото за снимање подкасти;
– Фотографија од студиото за снимање подкасти;
– Тековна состојба не постара од 6 месеци;
– Финансиска понуда по ставки.
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во писмена и електронска форма.
Предвид ќе бидат земени само оние понуди од правни лица кои ги исполнуваат условите и кои ќе испратат комплетна документација.
Евалуација на понудите:
ХЕРА, во согласност со одредбите од договорот на проектот, ќе спроведе јавен повик за прибирање на понуди.
Евалуационата комисија ќе ги извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана.
Критериумите за избор ќе бидат оценувани на следниот начин:
работно искуство – 20 поени
технички карактеристики на опрема – 20 поени
финсиска понуда – 60 поени
Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.
Пријавување
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на e-mail: konkurs@hera.org.mk или по пошта на ул. Франклин Рузвелт бр. 51а, 1000 Скопје, најдоцна до 15 јули 2024 г. 17:00 часот, со назнака предмет на пораката Понуда за продукција на подкасти. Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 3290 395 или на 075 533 567
Контакт лице: Драгана Каровска Чемерска, Програмска раководител