19.08.2019

Повик за понуди: Консултант(ка) за подготовка на Стратегија и Акциски план за развој на Ресурсен центар за поддршка на социјалното претприемништво на територија на град Скопје

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање физичко или правно лице за подготовка на Стратегија и Акциски план за развој на Ресурсен центар за поддршка на социјалното претприемништво на територија на град Скопје.

Ангажманот е во рамките на проектот „Отвораме можности“, поддржан од Европската Комисија во рамки на ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми 2016-2017.

Позадина

И покрај недостатокот на цврста концептуална, правна, институционална и политичка рамка, социјалните претпријатија со години се развиваат во разни правни форми и на разни правни основи. Практиките на ЕУ покажуваат дека дури и ако Националниот закон е во фаза на изработка, можноста за развој на политики и практики на локално ниво може да бидат корисни за граѓанските организации и да учествуваат во инклузијата на Ромите, нудејќи конкретни мерки, на пример, работни места преку основање на социјални претпријатија. Затоа, неопходно е понатамошно зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за водење дијалогот во однос на политиките и донесувањето одлуки со цел да се влијае на клучните реформи за развој на правното и финансиското опкружување за поддршка на Ромите.

Општата цел на проектот е локалната самоуправа и граѓанското општество да се подготвени да создадат поволна правна и финансиска средина со цел интегрирање на Ромите во општеството преку обезбедување на еднакви можности.

Во текот на проектот формирана е мулти – секторска работна група од претставници на град Скопје, невладини организации, социјални претпријатија и претставници од ромката заедница. Во периодот од април – август 2019, мулти-секторската група со експертска поддршка од партнерската организација СЛАП од Хрватска, изготвија документи кои даваат препораки за формирање на Ресурсен Центар за поддршка на социјалното претприемништво на територија на град Скопје.

За таа цел потребно е да се изготви стратешки документ кој ќе понуди целосен концепт за развој на ваков тип Центар. Стратешкиот документ се очекува да содржи стратешки приоритети, цели и програма за работа, заедно со акциски план за формирање на центарот. Од експертот/ката се очекува да разработи детален план за делувањето на град Скопје како еден од клучните партнери во проектот и потенцијални носители на Ресурсниот Центар.

Основни квалификации:

  • најмалку три години работно искуство во спроведување на истражувања и изработка на анализи и/или стратешки документи од областа на претприемништвото;
  • универзитетска диплома по социјална економија, бизнис администрација, јавна администрација или сродна област, општествени науки;
  • способности за развивање методологија и план за истражување;
  • презентерски, преговарачки и комуникациски вештини;
  • социјално претприемничко размислување и етика на работа;
  • способности за планирање и организација;
  • течно говорење на македонскиот и англискиот јазик;
  • насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи;
  • државјанство на Република Северна Македонија;
  • искуство во работа со/во невладин сектор и локална самоуправа.

Задачи:

Од ангажираното лице ќе се очекува:

  • Да воспостави методологија за изготвување на Стратегијата за развој на Ресурсниот центар за поддршка на СП во град Скопје.
  • Да изврши преглед на документи и собирање информации со цел да се проценат можностите и потребите за развој на Ресурсен Центар за СП во рамките на локалната самоуправа на град Скопје преку економска анализа на прибраните информации.
  • Да направи пресметка (економска анализа) на реалните финансиски средства потребни за создавање на Ресурсен Центар за СП врз основа на цените на пазарот.
  • Да предложи пристап до потребните ресурси за создавање на Ресурсен центар за СП.
  • Да предложи оперативна структура (управувачки модели) и потребни човечки ресурси за функционирање на Ресурсниот центар (дефинирањето на тимот за раководење со Ресурсниот центар).
  • Да предложи Програма за работа на Ресурсниот центар (теми и дејности со што би се занимавал центарот).
  • Да предложи стратегија за одржливост и услуги што би се давале во рамките на центарот преку кои ќе се генерираат средства.
  • Да предвиди ризици и предложи стратегија за нивно надминување во врска со Ресурсниот центар, по неговото формирање.
  • Воспоставување соработка со странски консултанти ангажирани за проектот.
  • Користење на јавни документи од локалните власти и досегашни документи изготвени во рамите на проектот Отвораме можности.
  • Изработка на Стратегијата за развој на Ресурсниот центар за поддршка на СП на Град Скопје, на македонски јазик, не подолг од 30 страници заедно со Акциски план за спроведување.

Временска рамка: 

– Прва верзија 15.09.2019г.

– Финална верзија 30.09.2019г.

Ангажманот предвидува 61.460 МКД во бруто износ и потпишување договор за консултантските услуги со покриен персонален данок на доход. Обврските ќе се спроведуваат вон канцелариите на ХЕРА.

Најдоцна до 2 септември 2019 година (понеделник) заинтересираните кандидати треба да достават:

– детална биографија во europass формат;

– предлог на акционен план за истражувањето, во кое ќе се осврнат на пристапот што би го презеле како методолог и главен истражувач во овој вид на анализа;

– предлог за временска рамка за спроведување на анализата (методологија, акционен план, обработка на податоци, нацрт-извештај и финален извештај), која нема да го надминува крајниот рок за поднесување на конечниот извештај (15.09.2019);

– листа од слични истражувања, студии и анализи во електронска верзија или линкови од објавените трудови.

На повикот може да се пријават физички или правни лица. Предвид ќе бидат земени само оние пријави кои ги исполнуваат условите и кои ќе испратат комплетна документација.

Критериумот за избор ќе биде направен врз основа на искуството и квалификациите на пријавените кандидати како и предложениот план за истражување.

Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат, во рок од 5 дена по затворање на конкурсот.

Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за локален консултант за изготвување на Стратегија за развој на Ресурсен центар за поддршка на социјалното претприемништво на територија на град Скопје можете да ги доставите на следниов начин:

По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk

По пошта:  ХЕРА –  ул. Франклин Рузвелт 51 а/26, Скопје, со назнака (конкурс за локален консултант за изготвување на Стратегија за развој на Ресурсен центар за поддршка на социјалното претприемништво на територија на град Скопје).

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Стандарди и процедури за работа на Кризен центар за жртви на сексуално насилство

Од непосакувано „додворување“ и шеги со сексуална конотација до силување, кое може да го врши непознат, цела група, познато лице или член на семејството, сексуалното насилство е често застапен вид на злоупотреба и дел од проблематичната реалност на многу жени и девојчиња во светот и кај нас.

Повеќе »

„Задоволство и врски“ – SexEd 2.0

На второто издание на SexEd зборувавме за магијата на задоволството, разноликоста и филозофијата на врските – со себе и другите. Јавно отворивме многу скокотливи теми и скршивме цел куп табуа во само една вечер. SexEd 2.0 е едукативно и инспиративно патување за сите сетила, а сега во него можете да уживате и вие преку раскажувачките моќи на нашите говорници.

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Барање за прибирање понуди за видео продукција

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува барање за прибирање понуди од физички лица, консултантски куќи, здруженија на граѓани или фондации регистрирани согласно Законот за здруженијата на граѓани и фондации, за видео продукција – изготвување и испорака на едно промотивно видео и кратка верзија од видео спотот.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.