28.06.2017

Повик за учество на обука од областа на Сеопфатно сексуално образование

ХЕРА во рамките на проектот ЦИВИКА МОБИЛИТАС и на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО) објавува повик за учество на летна школа за ССО.

Обуката опфаќа:

  • Дводневна работилница за запознавање со седумте компоненти на ССО и тоа: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност.
  • Дводневни активности организирани од волонтерите на ХЕРА
  • Летната школа исто така ви носи можност по нејзиното поминување да станете дел од тимот на волонтери ХЕРАМлади

 Летната школа ќе се одржи од 10ти до 13ти јули 2017 година во Маврово. Сите трошоци, ќе бидат покриени од страна на ХЕРА. 

Ги покануваме сите млади кои:

  • се на возраст од 16 до 22 години
  • сакаат да добијат информации од полето на сексуалното и репродуктивно здравје и права
  • се мотивирани да бидат волонтери во ХЕРА
  • сакаат да работат во тим, знаат да исполнуваат задачи навреме

Заинтересираните најдоцна до 5ти јули 2016 треба да испратат:

  • Писмо во кое ќе ја изразат својата мотивација зошто сакаат да бидат дел од оваа обука (најмногу 500 зборови)

Бројот на заинтересирани кои можат да земат учество на обуката е ограничен.

Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.

Документите со назнака/предмет на пораката повик за летна школа за ССО можете да ги доставите по електронска пошта: seksualnoobrazovanie@hera.org.mk

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Карта со оцена од заедницата #6

Картата со оцена од заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата на Ромките од Шуто Оризари поврзани со услугите за планирање на родителство, услугите во текот на бременоста и по породувањето.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за социјален/на работник/чка

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање социјален/на работник/чка во Младинскиот центар „Сакам да знам“ во Шуто Оризари за периодот август – декември 2018 година.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.