22.02.2018

Повик за учество на годишна обука за врснички едукатор(к)и

Во рамки на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО), ХЕРА објавува повик за врснички едукатор(к)и. Сите учесници кои ќе ја поминат акредитацијата, ќе станат сертифицирани едукатор(к)и на ХЕРА и ќе имаат можност да спроведуваат едукации на млади во текот на 2018 година.

Обуката опфаќа:

– Дел I: тридневна обука за теориско запознавање со седумте компоненти на ССО: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност. Обуката ќе се одржи од 9 до 11 март во Скопје.

– Дел II: тридневна обука за спроведување работилници и процес на акредитација на врсничките едукатори. Овој дел ќе се одржи надвор од Скопје од 23 до 25 март.

 

 

Ги покануваме да се пријават сите млади кои се:

  • на возраст од 17 до 22 години
  • мотивирани да водат работилници за едукација на врсници
  • имаат основни познавања за сексуалното и репродуктивното здравје и права
  • сакаат да работат во тим и знаат да исполнуваат задачи навреме

Пожелно е, но не е задолжително и да се:

  • активисти
  • со волонтерско искуство во организации кои работат во полето на човековите права
  • студент(к)и на институтите за род, психологија, филозофија, социјална работа, Медицински факултет, Правен факултет и слично

Најдоцна до 4 март (недела), заинтересираните треба да испратат:

Бројот на учесници е ограничен, а средствата за учество се покриени од страна на ХЕРА.

Сите кандидат(к)и кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете и телефон и е-пошта за контакт.

Документите со назнака/предмет на пораката повик за обука на врснички едукатори можете да ги доставите електронски на seksualnoobrazovanie@hera.org.mk или по пошта на адреса „Франклин Рузвелт 51a/26, 1000 Скопје, Македонија со назнака повик за обука на врснички едукатори.

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Карта со оцена од заедницата #6

Картата со оцена од заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата на Ромките од Шуто Оризари поврзани со услугите за планирање на родителство, услугите во текот на бременоста и по породувањето.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за вработување проектен/-на координатор/-ка

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за вработување проектен/-на координатор/-ка определено време на проектот „Промена на негативниот наратив кон Ромите во здравствените установи“, поддржан од Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија за периодот септември – декември 2018 година, со можност за продолжување.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.