Сексуалните и репродуктивните права се дел од основните човекови права и предуслов за постигнување на родовата еднаквост. Имајќи го предвид ова, како и фактот дека нашата држава и натаму цели кон пристапување во ЕУ, направивме преглед на предусловите без чие исполнување државата не би можела да каже дека нејзините граѓани ги уживаат своето сексуално и репродуктивно здравје и права (СРЗП), а особено жените, младите и општествено исклучените заедници засегнати од ХИВ.
Освртот кон проширувањето на ЕУ за 2022 година со фокус на СРЗП можете да го прочитате тука, а подолу да видите како стојат работите на терен низ бројки.
Инаку, паралелно со овој, подготвивме и уште еден за репродуктивното здравје и социјалната благосостојба на Ромите во земјава.