04.10.2019

Остра осуда на хомофобичната изјава на поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи

На 3.10.2019г. во повеќе медиуми беа објавени написи и видео-снимки во кои се потенцира изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, кој на новинарско прашање околу ултиматумот кој му го поставил Скендер Бузаку за оставка од позицијата, одговара дека во Исламската верска заедница нема место за „гејови“ и дека тие треба да бидат надвор од неа.

Упатуваме остра осуда кон изјавата на Сулејман Реџепи и особена загриженост што истата ја искажува поглавар на верска заедница кој повикува на исклучување на геј-луѓето, а особено што поддржува исклучување од верска заедница. Со оваа изјава се нарушува остварувањето на слобода на религија и вероисповест како основно човеково право, изречно гарантирано во членот 19 од Уставот на Република Северна Македонија. Го потсетуваме г. Реџепи дека како поглавар на верска заедница, треба да знае дека секој, па и ЛГБТИ луѓето и другите категории луѓе што не му се допаѓаат на него, има право слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, да ја практикува својата вера. Со оглед на тоа што изјавата е јавно искажана, таа носи штетни последици за геј-луѓето кои и онака се наоѓаат на маргините во нашето општество и секојдневно се соочуваат со исклучувања во речиси сите аспекти на живеењето. Верското убедување на Сулејман Реџепи не го ослободува од обврските што тој како граѓанин ги има според Уставот, од законите и од другите прописи, што подразбира дека треба да ги почитува основните права и на геј-луѓето, помеѓу кои и заштитата од дискриминација и вознемирување врз основа на сексуална оринетација и родов идентитет.

Исламската верска заедница, но и други верски заедници, интензивно се застапуваат против правата на ЛГБТИ луѓето, шират говор на омраза, демонизирање и стигматизирање на сексуалните и родовите малцинства. Затоа, јавно ги повикуваме верските заедници да го преиспитаат своето делување и ставови во однос на ЛГБТИ луѓето. Иако во повеќето религии може да се најдат текстови и вредности кои повикуваат на еднаквост и емпатија, поглаварите на тукашните верски заедници одбираат да ја толкуваат религијата како барање за прекршување на правата на ЛГБТИ луѓето. Ова однесување нема никаква врска со нивната слобода на вероисповест, туку претставува злоупотреба на религијата за одржување на статус кво, одржување и проширување на нивната моќ на сметка на маргинализираните групи. Ова се нарекува религиски фундаментализам и за него нема простор во демократско општество.

Го повикуваме поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, јавно да им се извини на геј-луѓето и во иднина да се воздржи од вознемирување по која било дискриминаторска основа.

Ја повикуваме и Исламската верска заедница, преку своите органи на надзор, да поведе постапка за утврдување на одговорност на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, за сторената дискриминација по основ на сексуална ориентација.

3.10.2019 година,
Скопјe

Мрежа за заштита од дискриминација
Фондација Отворено Општество Македонија
Национална мрежа за борба против хомофобија и трансфобија

Лицa за контакт:
Росана Богатинова rosana.janevska@hera.org.mk
Драгана Дрндаревска dragana.coalition@gmail.com

 

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Стандарди и процедури за работа на Кризен центар за жртви на сексуално насилство

Од непосакувано „додворување“ и шеги со сексуална конотација до силување, кое може да го врши непознат, цела група, познато лице или член на семејството, сексуалното насилство е често застапен вид на злоупотреба и дел од проблематичната реалност на многу жени и девојчиња во светот и кај нас.

Повеќе »

„Задоволство и врски“ – SexEd 2.0

На второто издание на SexEd зборувавме за магијата на задоволството, разноликоста и филозофијата на врските – со себе и другите. Јавно отворивме многу скокотливи теми и скршивме цел куп табуа во само една вечер. SexEd 2.0 е едукативно и инспиративно патување за сите сетила, а сега во него можете да уживате и вие преку раскажувачките моќи на нашите говорници.

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.