Со цел поефикасно спроведување на предвидените младински активности, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува оглас за хонорарно ангажирање на асистент/-ка во младинската програма.
Опис на работни задачи:
Асистентот/-ката во младинската програма ќе биде одговорен/-на за следните работни задачи:
- Координација и поддршка на волонтерите во ХЕРА Млади во рамките на образовната програма за врсничка едукација за сеопфатно сексуално образование (ССО) и на креативната програма „Секси маало“ за медиумска промоција на сексуалното и репродуктивното здравје (СРЗ) и човековите права, согласно годишниот акцискиот план на ХЕРА Млади;
- Организација и логистика на работилници и обуки за врсничка едукација за ССО меѓу младите во и надвор од училишните активности;
- Администрирање на социјалните медиуми на ХЕРА Млади за промоција на ССО и на младинското СРЗ (профилите на Instagram и Facebook и веб-страницата за ССО);
- Поддршка во административно-финасиската работа во рамките на младинските проекти поврзана со работата на младинските волонтери;
- Водење регистар на младинските волонтери и врснички едукатори;
- Соработка со граѓанските организации и младинските платформи и претставување на организацијата во координација со проектниот координатор;
- Подготовка на наративни извештаи за активностите на младинската група согласно потребите на проектот, и
- Подготовка на извештаи за ССО согласно стратегиските индикатори на организацијата.
Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Завршено високо образование или минимум трета година на додипломски студии (апсолвент) како вонреден студент;
- Најмалку едногодишно искуство во активности или иницијативи за младински прашања;
- Солидни познавања на Microsoft office;
- Одлични познавања на англискиот јазик;
- Одлично познавање за работа на социјалните медиуми;
- Одлични вештини за комуникација и пишување;
- Изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност;
- Сензибилизираност за работа со маргинализирани групи на граѓани.
За предност ќе се смета:
- Волонтерско или работно искуство во граѓанскиот сектор,
- Сертификат за обучен едукатор во областа на сеопфатното сексуално образование.
Со избраниот кандидат/-ка ХЕРА ќе потпише договор за хонорарно ангажирање. Работното време ќе изнесува 35 часа неделно. Месечниот бруто хонорар ќе изнесува 20.000 МКД, во кој се вклучени персоналниот данок и провизијата од авторската агенција.
Најдоцна до 25ти јануари 2021 година до 17.00 часот, заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- Биографија на македонски јазик,
- Писмо за мотивација на македонски јазик,
- Потврда од факултет за диплома за завршени студии или потврда за апсолвент или вонреден студент и
- Една препорака од организација за волонтерски или работен ангажман.
Во биографијата потребно е да се наведат и референци и контакт-податоци од раководните лица во однос на претходното волонтерско или работното искуство. Ве молиме во апликацијата да наведете и телефон и електронска адреса за контакт.
Документите со назнака/предмет на пораката Оглас за вработување на асистент/-ка на младинската програма, треба да ги доставите на електронска адреса: konkurs@hera.org.mк
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на огласот. Во зависност од изборот, ХЕРА може да спроведе и тестирање на најдобрите кандидат(к)и.
Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост, нема да бидат разгледувани.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, возраста, полот, родот, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, брачниот или партнерскиот статус, бременост или родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.