ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува оглас за ангажирање Асистент/-ка за социјално претприемништво за потребите на социјалното претпријатие „Нега Плус“ во Скопје, на определено време со можност за продолжување на работниот ангажман.
Опис на ангажманот:
Асистентот/-ката за социјално претприемништво е одговорен/-на за:
- Координирање и континуирана поддршка на работата на негувателките;
- Следење и евалуација на услугите кои се обезбедуваат за клиентите на социјалното претпријатие „Нега Плус“;
- Промоција и продажба на услугите на социјалното претпријатие „Нега Плус“;
- Поддршка на социјалниот/-ната претприемач/-ка при административното и финансиско работење;
- Логистичка поддршка при организирање активности поврзани со работењето на социјалното претпријатие „Нега Плус“;
- Периодично известување за спроведувањето на проектните и стратегиските индикатори на организацијата;
- Активно учество во иницијативи на организацијата од областа на социјалното претприемништво, по проценка и координација со супервизорот и Извршниот директор.
Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Завршено високо образование од областа на социјалната работа или други сродни општествени науки;
- Најмалку 1 година работно искуство во мало претпријатие за продажба или дистрибуција на услуги или продукти, или на слична работна позиција;
- Основни познавања од областа на социјалната заштита и/или социјалното претприемништво;
- Основни вештини на информатичка технологија;
- Одлични познавања на македонскиот и англискиот јазик;
- Одлични вештини за комуникација и тимска работа и асертивно однесување;
- Ефективна организација на работното време, навремено исполнување на зададените задачи и самоиницијативност.
За предност ќе се смета:
- Сензибилизираност и искуство во работа со маргинализирани и социјално исклучени групи на граѓани
- Возачка дозвола: Б категорија
- Искуство со социјално претпријатие
- Посетени обуки за социјално претприемништво
- Изградени вештини за административно и финансиско работење, за организирање активности и за подготовка на наративни и финансиски извештаи
Работното време е скратено, односно 20 часа во неделата.
Најдоцна до 28 јули 2020 година до 18 часот заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- Биографија на македонски јазик
- Писмо за мотивација на македонски јазик
- Потврда за завршено образование
- Потврда/препорака од претходен работодавач (за претходно работно искуство во областа на претприемништво и/или работа со социјално исклучени групи на граѓани)
Во биографијата потребно е да бидат наведени референци и контакт-податоци од раководните лица во однос на претходното работното искуство. Ве молиме во апликацијата да наведете и телефон и електронска адреса за контакт.
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на огласот. Во зависност од изборот, организација може да спроведе и тестирање на најдобрите кандидати.
Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост нема да бидат разгледувани.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, возраста, полот, родот, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, брачниот или партнерскиот статус, бременост или родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Документите со назнака/предмет на пораката Оглас за асистент/ка на Нега Плус, треба да ги доставите на електронската адреса: konkurs@hera.org.mk