ХЕРА секоја година организира обука за врснички едукатори со цел акредитација на нови млади кои се заинтересирани да го пренесат своето знаење од областа на сеопфатното сексуално образование (ССО) на своите врсници. Целта е најпрво младите да поминат низ обука за секоја од 7-те компоненти на ССО (род, ХИВ, СПИ, контрацепција, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски & односи, различност) и потоа да се сертифицираат за врснички едукатори, кои тоа знаење ќе го пренесуваат понатаму.
Оваа година обуката се одржа во два дела и тоа:
Теоретски дел, во кој се поминуваат сите компоненти на ССО според прирачникот за врснички едукатори од областа на ССО. Ова акомпонента од обуката има за цел да ги запознае со најрелевантните, најновите и базирани на докази информации за секоја од компонентите одделно. Овој дел беше одржан во едукативниот центар на НМСМ од 03ти до 05ти Февруари 2017 и присуствуваа 24 учесници.
Вториот дел се состои од полагање, и целта е во пракса да се имплементира сето она што е научено, имајќи ги предвид и педагошките аспекти на врсничката едукација. Поделени во тимови, учесниците вршеа едукација пред симулирана училница и Комисија. Овој дел се одржа во Маврово од 24ти до 26ти февруари 2017. Полагаа 21 учесници поделени во 11 тима.
За крај, може да кажеме дека имавме одлична група, одлична енергија, посветени и амбициозни млади кои покажаа огромна желба за учење и напредок. Овие млади покажаа силен мотив да продолжат во процесот и да се развиваат како врснички едукатори од областа на ССО.