„Нега Плус“ e нашето прво социјално претпријатие кое нуди професионална грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови. За потребите на „Нега Плус“ објавуваме повик за ангажирање:
- Две негувателки за нега и грижа на стари лица во домашни услови (кои имаат сертификат за негувателки);
- Две лица за помош при нега и грижа на стари лица во домашни услови (со или без сертификат за негувателки).
Сите кои се заинтересирани да станат дел од „Нега Плус“, најдоцна до 24 јуни 2020 година (среда) потребно е:
- да се пријават телефонски на 070 299 026 или електронски на negaplus@hera.org.mk со назнака за кој ангажман аплицираат,
- да остават телефон за контакт, и
- да наведат претходно искуство во нега и грижа на стари лица, доколку имаат.
Особено ги охрабруваме да се пријават жените кои се долгорочно невработени, кои се дел од ромската етничка заедница или го зборуваат ромскиот јазик.