27.06.2019

„Нега Плус“ нуди можност за работен ангажман

„Нега Плус“ e социјално претпријатие кое нуди професионална грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови, основано во рамки на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

За потребите на „Нега Плус“, објавуваме повик за ангажирање:

  • две сертифицирани негувателки за нега и грижа на стари лица во домашни услови;
  • две жени за одржување и помош во домот.

Сите кандидатки кои се заинтересирани да станат дел од „Нега Плус“, најдоцна до 14 јули 2019 година (недела) треба да се пријават на 070 299 026 или на negaplus@hera.org.mk со назнака за кој ангажман аплицираат, да остават телефон за контакт и да наведат претходно искуство во нега и грижа на стари лица, доколку имаат.

Особено ги охрабруваме да се пријават жените кои имаат статус на долгорочно невработени или кои припаѓаат на ромската етничка заедница.

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

ИСТРАЖУВАЊЕ: Освен Владата и родителите кажаа ДА за воведување сексуално образование во училиштата

Во јули 2019 година, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување спроведе телефонско истражување за ставовите и мислењата на родителите за воведување наставни содржини за сексуално образование. Анкетата беше спроведена на примерок од 800 родители/старатели.

Повеќе »

„Задоволство и врски“ – SexEd 2.0

На второто издание на SexEd зборувавме за магијата на задоволството, разноликоста и филозофијата на врските – со себе и другите. Јавно отворивме многу скокотливи теми и скршивме цел куп табуа во само една вечер. SexEd 2.0 е едукативно и инспиративно патување за сите сетила, а сега во него можете да уживате и вие преку раскажувачките моќи на нашите говорници.

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Отворени 2 работни позиции во ХЕРА

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување за потребите на проектот „Отвораме можности“, поддржан од Европската Комисија во рамки на ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми 2016-2017, објавува конкурс за работен ангажман на 2 работни позиции за периодот декември 2019 – јули 2020: Координатор/–ка на проект 1.1 Опис на работната позиција, задачи и услови: Координаторката/-от ќе ги координира […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.